Правила на однесување кога сте поканети на средба во ресторан -1 дел

by ugostitelstvo.mk

Во светот постојат одредени пишани и непишани правила за однесување. Секогаш е важно да ги знаете доколку сакате да оставите позитивен впечаток кај луѓето кои ве запознаваат за првпат.

Денеска, ве запознаваме со сите норми на однесување и љубезни манири кои би требало да ги практикувате секогаш кога сте поканети на ручек или вечера или на бизнис средба во ресторан или кога вие организирате ваков тип на настан.

Точност

Секогаш бидете на време бидејќи никој не сака да чека. Доколку, сепак се случи да задоцнете, потрудете се да ја известите другата страна со телефонски повик или смс порака. Имајте на ум дека никогаш не знаете во кој момент можете да се соочите со сообраќајен метеж или градежни работи на патот. Доколку треба да одите на интревју, секогаш трудете се да пристегнете 10 до 15 минути пред закажаното време.

Поздравување и запознавање

Кога ќе се сретнете со некого би требало да станете доколку седите, да се насмевнете и да го потенцирате името на оној кој го запознавате во поздравот. Правилното ракување е од голема важност, тоа би требало да биде со цврст стисок на раката и да трае три до четири секунди. Денеска, во бизнис светот не важи правилото дека жените би требало да го иницираат ракувањето. И мажите и жените подеднакво би требало да иницираат ракување. Претставувањето на луѓето е една од најважните работи во бизнис светот, но сепак постојат личности кои не се сигурни како правилно да го направат тоа, како на пример, не ги користат нивните целосни имиња при претставување.

Седнување на стол

За време на средба со нови луѓе пред да седнете почекајте тоа да ви биде потенцирано или не седнувајте сè додека домаќинот не седне. Не ги ставајте вашите лични работи како чанта, паричник, мобилен телефеон или наочари за сонце на масата.

Поставеност на масата

Неретко се случува поставеноста на масата да биде збунувачко. Во многу ресторани, приборот за салата е со иста големина како оној за главното јадење. Доколку покрај вашата чинија има две виљушки со исти димензии, започнете со таа што е подалеку од чинијата.

Чаши и пијалаци

Вообичано, за време на оброците се употребуваат различни видови на чаши. Пијалаците би требало да бидат поставени покрај ножот и лажицата. Балансирањето на количината на пијалак е од големо значење особено кога станува збор за алкохолните пијалаци. Најчесто, алкохолниот пијалак би требало да биде пред послужувањето на јадењето, а виното би требало да се служи со вечерата. Никој од гостите не е приморан да го допие пијалакот до крај и препорачливо е бавното точење на помали количини. Доколку не сакате алкохолен пијалак, љубезно одбијте.

Слични написи