5 работи кои (можеби) не сте ги знаеле за рестораните

by ugostitelstvo.mk
  1. Поимот „ресторан” е француски термин.
  2. Концептот за продажба на храна со цел да се заработи, потекнува од антички Рим, каде што луѓето во градот продавале леб и вино, на улица.
  3. За време на Француската револуција  кралот Луј XVI и кралицата Марија Антоанета биле егзекутирани, а француската аристократија почнала да се распаѓа. Така, готвачите кои ги изгубиле своите работни места, дошле до идеја да отворат свои објекти и да ја послужат храната кои дотогаш само благородните семејства можеле да ја вкусат.
  4. Светски најголемиот ресторан се наоѓа во Сирија и го носи името „Bawabet Dimashq Restaurant“. Овој ресторан има 6,014 столчиња и лоциран е во градот Damascus.
  5. Најстариот ресторан се наоѓа во Шпанија. Според Гинисовата книга на светски рекорди, „Botin“  ресторанот во Мадрид, е најстариот ресторан кој сè уште беспрекорно работи, од далечната 1725 година.

Слични написи